- За да креирате бесплатен оглас на www.pazarzase.mk, потребно е да имате корисничка сметка.
- Постојат два начини за креирање на корисничка сметка, преку стандардна регистрација и преку Facebook акаунт. Откако ќе искреирате корисничка сметка, креирањето на оглас се остварува преку следниов линк. При креирање на огласот, потребно е да се внесат основните информации поврзани со него, како што се: име на оглас, категорија, град, вид на оглас, состојба на предмет, цена, валута и слично.
-
Поради поголем квалитет на огласот кој го креирате, потребно е да внесете што е можно повеќе информации за него, со цел клиентите да формираат појасна слика за огласот што го нудите.
- Огласот кој го внесувате е БЕСПЛАТЕН.
- Огласот е валиден и со времетраење од 60 дена.
- Забрането е веќепостоечки оглас да се објавува во други категории.
- Вашите IP адреси се евидентираат од безбедносни причини. Истите во обид на злоупотреба или измама ке бидат доставени до надлежни органи.
- Избегнувајте плаќања со кредитни картички на анонимни лица.
- www.pazarzase.mk никогаш не е вклучен во било какви трансакции, исто така не превзема никакви одговорности за вашите плаќања, испораки и достава на производите. Благодариме на ВАШАТА ДОВЕРБАТА.
Почитувани,
Во горниот десен агол на www.pazarzase.mk се наоѓа делот за најава. Истата може да се овозможи само доколку сте
претходно регистриран огласувач.
За регистрирање на нашиот web-огласник постојат два начина:
- 1. поврзување преку Фејсбук
- 2. поврзување преку е-пошта

Потоа изглегува форма за регистрација во која треба да се внесе Корисничко име и Е-пошта:

1. Регистрација преку Фејсбук
Кликнете на полето Регистрирај се со Фејсбук;

за да ја завршите регистрацијата, потребно е да сте најавени на Фејсбук на истиот пребарувач на коj сакате да заврши целата постапка

cо кликање како на сликата регистрацијата во целост е завршена и можете да започнете со огласување.
Секое следно најавување ќе биде само со притискање на копчето за најава преку Facebook.
2. Регистрација преку е-пошта
Внесете податоци во полињата Корисничко име (истото ќе биде прикажувано при огласување) и е-пошта; почекајте неколку минути и проверете ја Вашата е-пошта (на Вашата е-пошта ќе примите порака во која ќе ги имате потребните податоци за најава и понатамошно огласување), исто така проверете во Spam(Junk) фолдерот ако маилот не го пронајдете во Inbox.

Со почит,
Tимот на www.pazarzase.mk
Во горниот лев агол на pazarzase.mk се наоѓа полето за креирање нов оглас. Истиот може да се креира само доколку сте претходно најавени на нашиот web-огласувач.
Со кликање како на фотографијата прикажана подолу Вие сте на чекор од објавување на Вашата понуда.

Откако ќе кликнете на полето НОВ ОГЛАС, автоматски ќе бидете префрлени на Вашиот профил каде што ќе можете да објавувате нови огласи, да измените податоци во огласите кои што сте ги објавиле претходно или пак да ги избришите во целост огласите за кои сметате дека не Ви се од корист.


За креирање нов оглас најпрво како што е прикажано на фотографиите погоре потребно е да се поплнат полињата со кои би дале основни податоци за предметот или услугата што сакате да ја понудите.
Подетално за целата постапка ние (тимот на pazarzase.mk) подолу преку фотографии ќе прикажеме конкретно креирање нов фиктивен оглас.
1. Започнавме со давање наслов на огласот кој сакаме да го објавиме (Фиктивно огласуваме автомобил за продажба - VW Golf 6);
2. Во паѓачкото мени именувано како категорија; ја одбравме категоријата автомобили поради типот на огласот кој сакаме да го објавиме;

3. На полето „Град“ кое што е претставено како задолжително (означено со *) одбираме област во која првенствено е поставен вашиот оглас

4. Откако ги пополнивме првите неколку полиња продолживме со обележување на полето каков вид оглас е нашиот (дали сакаме да продадеме или да купиме VW Golf6); дали нашиот автомобил е нов или половен и дали би се сложиле за да склучиме зделка по договор или не со потенцијалниот купувач.

5. Следни полиња кои што треба да ги пополниме е вредноста на цената за која што го продаваме нашиот фиктивен автомобил; дали истата е фиксна и во која валута е истата;
6. Следно задолжително поле кое што треба да го пополниме е марката на автомобилот, додека пак годината во која е произведено, горивото кое е потребно, колку километри има поминато автомобилот, типот на менувачот, каква е регистрацијата (македонска/странска), типот на каросеријата и бојата се само додатни податоци со кои се опишува нашето фиктивно возило кое сакаме да го објавиме за продажба;


7. Следно поле е полето во кое потребно е да се внесат името на улицата и бројот одвоени со празно место

8. Во полето „Опис“ внесуваме податоци кои сметаме дека се важни за нашиот оглас и има потреба да се нагласат;

9. Не секогаш податоците кои се задолжителни и описот се доволни за да се претстави нашиот оглас, па за да го прикажеме подобро нашето возило преку прикачувачот за фотографии поставивме неколку фотографии; Прикачувањето е брзо и едноставно само со притискање на полето избери датотеки, на што се отвора прозорец од каде сакаме да ги прикачиме фотографиите;


10. Со прикачувањето на фотографиите огласот кој го почнавме е целосно комплетиран и во горниот десен агол може да одбереме дали сакаме да го избришиме (1) или да го објавиме онаков каков што е (2);

11. Во случај да сакаме да промениме некој податок во нашиот оглас после кликање на полето „ОБЈАВИ“, можеме да направиме било каква корекција на огласот со што следно нешто што треба да направиме е да кликнеме на полето „Обнови“ (1);
12. За да погледнеме како изгледа нашиот оглас кликаме на полето „Прегледај ги промените“ (2);

Со пополнување на горенаведените точки го завршуваме нашиот оглас.
*** Доколку откако ќе го објавите огласот сметате дека фотографиите кои претходно сте ги прикачиле не се доволни, односно сакате да додадете повеќе фотографии истото може да го направите преку прикачувачот на фотографии во полето „Прикачи нови фотографии“ на истиот начин на кој ги имате поставено претходните фотографии.

***Во случај пак да сте прикачиле некоја фотографија која не соодветствува со Вашиот оглас, истата може да се избрише преку полето „Измени фотографии“со притискање на „Избриши“.

***Како дополнителна можност која ја нуди системот е тоа што од фотографиите кои што ги имате прикачено во огласот, можете да одберете која од фотографиите ќе се користи како главна фотографија, односно фотографијата која ќе биде прикажана при пребарување огласи на нашиот web-огласник.

Со почит,
Tимот на www.pazarzase.mk
Доколку имате потреба да ги прегледате веќе поставените огласи на нашиот web-пребарувач, односно на пример сакате да купите нов автомобил, да купите нов стан или пак да побарате мајстор кој би ја поправил Вашата чешма, сето тоа на најлесен можен начин може да го направите на нашиот web-пребарувач преку внесување конкретни податоци за огласот што го барате во трите бели полиња што се наоѓаат најгоре на pazarzase.mk.
Подетално за целата постапка Ние (Tимот на pazarzase.mk) подолу преку фотографии ќе прикажеме како можете да го искористите максимално нашиот пребарувач.
1. Доколку сакаме да ги пребараме сите автомобили од марката Volkswagen Golf, како клучен збор во полето во левиот агол од пребарувачот внесуваме „golf“;
2. Бидејќи сакаме да ги видиме сите огласи кои се за Volkswagen Golf, во полето означено како „Категории“ ја одбравме категоријата „Автомобили“;
3. За да имаме поголем избор при купување на автомобилот, се одлучивме да разгледаме огласи кои не се само од околината на Скопје, туку web-пребарувачот pazarzase.mk да ни ги прикаже и огласите за автомобили од уште два други града кои ние сметаме дека ни се поволни како локации за купување нов автомобил. Па така во полето означено како „Локации“ одбравме истовремено да ни ги прикаже автомобилите огласени во Скопје, Охрид и Кичево.
4. Со притискање на малечкото зелено поле кое што се наоѓа веднаш до полето во кое ги одбравме локациите web-пребарувачот ќе ни ги издвои сите огласи кои што ги содржат податоците кои ги впишавме претходно.

Со почит,
Tимот на www.pazarzase.mk